Ana Never
Ana Never (www.myspace.com/ananever) се формирани во Суботица пролетта 2002 година. Инспирирани од музиката која ја слушале и мотивирани од личните емоции и стравови, започнуваат да создаваат музика која претставува скромен обид за повеќедимензионално изразување на чувствата, мислите и визиите.
Имаат работено на музиката за театарската претстава A Diary of a Morphinist. Во април 2006 година го издаваат својот прв албум, Ana Never. Денеска тие функционираат во следната постава: Срѓан Терзин (гитара), Дејан Топиќ (гитара), Горан Грубишиќ (тапани), Иван Чкоњевиќ (гитара, бас) и Бане Филиповиќ (визуелизација). Знаејќи дека не постои линија помеѓу постоењето и непостоењето на Ana Never како бенд, тие живеат со надеж дека на крајот тоа нема да се преобрази во тажно преживување и дека ќе продолжат да функционираат како мисла за нешто мало и убаво. Искра надеж, трошка сознание дека секоја песна може да биде последна, несигурни во проклетата тишина, исчекување…
Mooger Fooger (www.myspace.com/moogerfoogersk) е првата асоцијација кога се дискутира на темата македонски рокенрол. Без двоумење станува збор за најактивниот музички состав во земјава. Бенд кој и покрај хиперпродуктивноста звучи исклучително занимливо и квалитетно на сите свои албуми. Една од ретките музички групи од Македонија која ги следи светските музички текови. Широк е опсегот на влијанија врз нивната музика, започнувајќи од американската психоделија од 60те па се до британските indie rock бендови од 80те. Mooger Fooger се: Сеад Хаџиќ (гитара), Огнен Мангаровски (гитара), Антонио Дојчиновски (бас), Виктор Гајтановски (вокал и гитара) и Андреј Анастасов (тапани). Важат за еден од најкомплетните состави во регионот. Во своето неколкугодишно постоење издадоа три албуми: Mooger Fooger (2005), Mooger Fooger 2 (2006) и Luckiest Woman (2007). После подолго време, повторно со нов материјал и концерт во Скопје.

Event hinzugefügt von philophobia | Zur Überprüfung melden
Fotos
Bilder werden geladen...